370
Последните заеднички фотографии што Игор Којиќ и Северина ги објавија на своите профили на Инстаграм сега се избришани, пренесуваат регионалните медиуми.
И покрај тоа што Северина минатото лето му го честиташе роденденот на Игор, додека медиумите пишуваа дека се наоѓаат во брачна криза, се повеќе се шушка дека хрватската поп дива и нејзиниот сопруг сепак се разделуваат.
За тоа сведочи роденденската честитка која сега е избришана од Инстаграмот на Северина.
Последната заедничка фотографија од парот, објавена од Којиќ, исто така веќе ја нема на таа социјална мрежа. Тој ја избришал.
Фотографиите што ги објавиле порано сè уште се наоѓаат на нивните профили на Инстаграм.