439
Северина направи пауза од настапите и замина на одмор. Популарната пејачка овој пат реши да ужива на Миконос во Грција.
Таа на својот Инстаграм профил ги сподели најинтересните моменти од своето патување, а се пофали дека го посетила и ресторанот на познатиот турски готвач Нусрет Гокче.
„Дојде тивко на прсти…“, напиша таа заедно со фотографиите на кои позираат насмеани.
Исто така, Северина објави видео на кое посоли парче месо, а потоа Нусрет го направи тоа на начинот кој го прослави.
Нејзините објави на оваа мрежа предизвикаа бројни реакции, па едни ѝ посакаа убав помин на пејачката, а други негативно коментираа за познатиот готвач.