СЛОВЕНЕЧКИОТ кошаркар Лука Дончиќ, откако го продолжи договорот со Далас Маверикс, организираше прослава во луксузен ресторан, лоциран во Випава, Словенија, пишува n1info.si.
Меѓу гостите беа колеги на Дончиќ, а сплитската пејачка Северина Којиќ пееше за нив.
Еден од гостите објави неколку снимки од забавата, на кои се гледа како Северина скока низ сцената во краток, прѕирен фустан и ги изведува своите песни.
Во чест на кошаркарите беше организиран огномет, а словенечките медиуми пишуваат дека еден од гостите бил српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ.
hvala za ognjemet @luka7doncic 💪🇸🇮 pic.twitter.com/tBj3BAA15L
— Matjaž Jazbar (@JazbarMatjaz) August 10, 2021
Да потсетиме, Лука Дончиќ потпиша петгодишен договор и влезе во историјата бидејќи стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата со договор од над 200 милиони долари.