Хрватската пејачка Северина Вучковиќ повеќе не настапува во Србија како порано, а според пишувањата на медиумите, нејзиниот настап кој бил уредно закажан и најавен на претстојниот фестивал „Мusic Week“ во март на Копаоник, неодамна бил откажан.
Таа требала да одржи настап на тој настан покрај Милица Павловиќ и Саша Матиќ, но поради негативната реакција и слабиот интерес на публиката за нејзиниот настап дошло до пресврт.
Наместо неа, на популарната планина ќе настапи Жељко Јоксимовиќ.
– Доколку има слаб интерес, Северина или го одложува настапот или го откажува. Овој пат доби информација дека нејзиниот јазик скапо ја чинел и дека публиката ја бојкотира, по што го откажала доаѓањето на фестивалот на Копаоник, изјавил извор за српски „Курир“.
Вучковиќ во изминатите години заработуваше многу пари од настапите во Белград и другите градови, но тоа се променило откако во нејзините изјави ја обвинила Србија за геноцид во Сребреница.
Вучковиќ во своите јавни настапи го навредила и патријархот на СПЦ, Порфириј.
Од ПР-службата на фестивалот на Копаоник било соопштено дека настапот на Северина бил откажан од „организациски причини“.