Северина открива: Минатата година дознав кој ја објави мојата снимка

од Elena Daskalova

Популарната пејачка не крие дека кога домашното видео од неа и бизнисменот Милан Лучиќ се појави во јавноста, доживеала голем срам и била многу повредена.

Во интервју за српскиот портал „Новости“, Севе за снимката вели дека тоа се случило само поради злобата на една личност. Пејачката открила дека не знаела кој е виновен што таа снимка се најде во јавноста, се до минатата година. Во периодот кога доживеала вистински јавен срам, еден од ретките кој ѝ пружил вистинска поддршка бил покојниот Арсен Дедиќ.

Аферата со домашното видео на Северина се случи во 2004 година, а прв медиум кој го објави беше хрватскиот портал Индекс со насловот „Луѓе, имаме порно со Северина“. Подоцна Индекс ѝ исплатија на пејачката 200.000 евра отштета и објавија извинување во пет дневни весници. На судењето и во процесот на докажување како видеото стигнало до јавноста, снимката била уште неколкупати пуштана во судница, а дури и се водел записник. Цели 14 години подоцна, пејачката дознала кој всушност, го украл нејзиното видео и на кој начин, но остава законот да го реши тоа.

Во првото интервју по скандалот, Северина изјавила:

„Тоа е приватна снимка, не би зборувала како излегла во јавност, со тоа би го отежнала судскиот процес“, за емисијата „Вечер со Јошко Локас“, што било и прво нејзино јавно појавување по протекувањето на снимката.

Пејачката за „Новости“ изјавила дека веќе одамна не ѝ е до аплаузите на публиката, дека пее песни што нејзе ѝ се допаѓаат и кои ѝ значат и дека на крајот на денот, најважно ѝ е таа и синот да се среќни.

Слични содржини