322
Хрватската поп-sвезда Северина Којиќ синоќа одржа концерт во Врњачка Бања на карневалот, каде и се случи мала, безопасна несреќа.
Пеејќи еден од нејзините големи хитови, пејачката „поскока“ по сцената, а поради дождот се лизна и падна. Како што може да се види на видеото што го објави на Инстаграм, таа се изнасмеа сама на себе, а музичарите од сцената и помогнаа да стане, со оглед на тоа дека е во високи потпетици
Настапот, патем, беше преполн.
Дури и времето и силниот дожд не ги спречија фановите на Северина да уживаат во нејзиниот настап, еден од првите по пандемијата на коронавирус.
Северина им се заблагодари на фановите на Инстаграм.