128
Според хрватските медиуми, меѓу кои и „24 сата“, на Северина привремено ѝ е одземено старателството над малолетниот син Александар и тој припаднал кај таткото, бизнисменот Милан Поповиќ.
Правниот тим на Поповиќ, а и самиот тој, велат дека се задоволни од одлуката на судот и пресудата, иако истата уште не е правосилна.
Северина пак, е во паника, потресена и расплакана.
„Не го очекував ова, направен е преседан во постапката“, изјавила таа за „Јутарњи“, во телефонски повик.
Адвокатите на Северина се подготвуваат да поднесат жалба за оваа пресуда, а против Поповиќ ќе поднесат претставка и казнена пријава за кршење на правата на детето.