Регионалната музичка sвезда Северина Којиќ призна за „ИН магазин“, кој се емитува на хрватската ТВ Нова, дека не е најгорда на спотот за нејзината позната песна „Гас, гас“.
„Се сеќавам кога бев во породилиште, и бев токму пред пораѓај, породилиштето во Сплит е одлично, секој кревет има свој телевизор… Потоа гледав видеа, се видов себе си, пеам ‘Гас, гас’, мислам дека тоа е на граница со лудило. Потоа се погледнав и си помислив ‘Боже, што ти се случи? Што ти се случи?’ Јас таму клечам на бетонот, а тука сум потполно неподвижна, во бремена состојба. Мислам дека сите што работиме многу, правиме многу грешки, но правиме и добри работи“, рече Северина.
Инаку, „Гас, гас“ е еден од најголемите хитови на Северина, а го потпишуваат Марина Туцаковиќ и Горан Бреговиќ, како и целиот албум „Здраво, Марио“, на кој се наоѓа оваа песна.