Пејачката Северина Којиќ, со насмеано лице објави фотографија на својот Инстаграм профил. Со неа, таа напиша и порака во која се осврна на предходните 54 дена од својот живот, односно времето откако судот одлучи дека нејзиниот син ќе живее со таткото, Милан Поповиќ.
„Поминаа 54 дена и поминаа 88 часа… помина вечност додека тие ‘скијаат’… За овој живот многупати доживеав неправда. Блиските ја продаваа мојата интима за мали пари, а за големи и сами знаете што можете да добиете.. Сепак на 28.11.2019 на ова лице имаше најмногу неправда и така. Поминаа 54 дена тага.. Но сепак, во нив имаше 88 часа радост и 54 дена нивна срамота. А мајка ми добро ми кажа, немој Никој и Ништо да те растажи. Никој и Ништо на тој 28.11 ме измамија и ми ја подметнаа својата тага и срамота, но не можеа да ми ја тргнат насмевката од лицето…ни од оваа фотографија, а ни од бројни нефотографирани насмевки. Бидејќи Никој и Ништо засекогаш ќе останат Никој и Ништо. Понекогаш стануваат Никој и Нешто.. Можеби моментално ‘случајно’ некаде скијат, но нас не можат да не излажат. Не дозволувајте Никој и Ништо да ви ја подметнат својата срамота и тага и да ви ја тргнат насмевката од лицето. Мене никогаш не ми ја, ниту сега… ниту ќе можат.. Фала Богу!“, напишала пејачката.
За потсетување, судијката Теа Голуб во ноември донесе привремена мерка и одлучи детето да живее со таткото и тој самостојно да се грижи за неговото здравје и образование.
– Се очекува, но ова не. Навистина, се плашев, одобено по последното рочиште и тоа исчекување на длуката беше најлошо. Но, сега не ми е страв. Во животот имам доживеано многу работи поради кои најчесто сум се срамела поради другите, не поради мене. Но, тоа е животот и ова исто така е едно големо искушение кое секако дека ќе го издржам бидејќи на моето дете му требам онаква каква што сум, а то а е добра, здрава и присебна мајка, без оглед на тоа што пишува во таа пресуда. Тоа се само некои букви и како што рекол Тито: Не го признавам нивниот суд, но ќе го почитувам. Немам друг избор. Не се плашам од ништо – рекла Северина, своевремено за хрватскиот весник Jutarnji List, пренсува 24sata.hr.