475
Северина Којиќ веќе неколку месеци е во родната Хрватска, од каде редовно објавува фотографии на Инстаграм, а со својата последна објава само уште еднаш ја потврди титулата модна икона.
Имено, популарната пејачка избра впечатлива лежерна комбинација за прошетка покрај Сплитскиот брег.
Таа комбинираше бели панталони со шарен џемпер во риги, а носеше и крзнени ракавици, очила и дизајнерска чанта со мотив Бамби, со потпис на модната куќа Givenchy.
Тука е и незаменливиот камел капут, кој е задолжително модно парче за сите дами кои ги следат трендовите, а инаку се смета за модна класика.
И кога станува збор за обувки, Северина не разочара, па облече комбат чизми, кои се сметаат за тренд број еден оваа сезона.