444
Поп ѕвездата Северина викендот го поминува со синот во Рим, а неизбежна дестинација во главниот град на Италија е дефинитивно Колосеумот.
Севе и нејзиниот син Александар уживаа гледајќи ги остатоците од Римската империја, а пејачката на својот Инстаграм сподели неколку емотивни моменти од вечниот град.
Иако престојот ѝ беше туристички, таа сепак ги изненади своите следбеници кога отиде во ресторан, дотерана како за вечерно излегување, а шетањето со високи потпетици по стар римски пат насмеа многумина и предизвика лавина коментари на нејзината сметка.