Северина за борбата за старателство врз синот: Откри што ја одржува во живот

од Stefanija Kuzmanovska
346 прегледи

Северина Вучковиќ во интервју за IN Magazin откри дека хуморот ја спасува во тешки времиња, а сега повторно проговори за тоа како го издржува стресниот период во борбата за старателство.

И покрај се што ѝ се случува во животот на приватен план, Северина е професионалец и кога пее, некој неинформиран тешко би забележал дека оваа мајка се бори за своето дете.

Таа откри како изгледа нејзиниот живот во моментов.

„Токму тоа ме прашаа и моите домашни. Бидејќи неделава ја поминав во понеделник во кривичен суд, вторник во општински суд, среда во социјално, четврток на лекар, еве денес на награди, утре имам концерт и после се повторува. Мислам дека е забавно, интересно“, се пошегува Северина.

Таа ја открила тајната – што ја одржува во живот.

„Треба да имате хумор. Хуморот ме одржа, дома се шегуваме многу“, додаде таа.

Пејачката исто така не отфрла шега на своја сметка. Овој пат колегите се пошегувале со нејзиниот wet look.

„Грашо ми кажа дека изгледам како да сум излегла од фритеза…, сакаме да се почастиме од време на време“, откри Севе.

Северина го освои Златното студио за најдобра пејачка, а конкуренција ѝ беа Нина Бадриќ и Вана.

Слични содржини