Пејачката Северина Којиќ досега покажа безброј пати дека сака да коментира за тековните политички настани, па затоа не одолеа ниту на важниот ден во американската историја – инаугурацијата на претседателот Џо Бајден. Пејачката се прости од семејството Трамп во свој стил и предизвика лавина од реакции.
Заминувањето на Словенката, Меланија Трамп, која важи за модна икона, беше тешко за Северина Којиќ, која на Инстаграм кратко ја прокоментира целата ситуација.
„Штета за Меланија“, напиша Северина покрај фотографијата на која позира во костим за капење со принт на американското знаме.
Така, наместо политика, темата на денот стана нејзината беспрекорна фигура. Фановите на Северина не останаа имуни на нејзината извајана фигура и бујните облини, па следеа многубројни коментари.