Последните денови Северина го привлекува вниманието на јавноста со кампањата во која учествуваше, во која се крева глас против говорот на омраза на Балканот. Хрватската пејачка ја коментираше моменталната состојба на Балканот, и посочи дека злосторствата од омраза мора јавно да се осудат, но и за првпат јавно проговори за храброста на актерките Милена Радуловиќ, Данијела Штајнфелд и Мерима Исаковиќ.
„Сите луѓе се политични, дури и оние кои велат дека не се и дека не ги интересира тоа. Па, како да не те интересира дали некое дете е претепано во станот до вашиот или жена е силувана? Дали правната држава функционира за јавно осудување на злосторствата од омраза и нивно соодветно казнување?“, изјавила Северина за „Недељник“.
Таа исто така зборуваше за движењето чиј почеток го означија жени како Даниела Штајнфелд и Милена Радуловиќ.
„Секој живот е богат со луѓе, идеи… и тогаш некој ви го уништува светот, животот, достоинството и повеќе не знаете дали сте жртва или судија затоа што се плашите дека вашата тишина ќе предизвика сомнеж, а само вие се плашите. Затоа што не се зборува за тоа. Не јавно. Милена Радуловиќ, Данијела Штајнфелд и Мерима Исаковиќ се многу храбри. Тоа е големо олеснување за сите жени. Во Хрватска, тоа предизвика лавина на факултетите, особено на Академијата за драмски уметности. Нешто што е ужасно, но отвори јавен простор што зборува за тоа. И во тој случај се прелеа од една земја во регионот. Бидејќи принципот е ист, сè друго се нијанси, би рекол Џоле. Тоа е голема, голема работа“.