Властите на Северна Кореја денеска негираа дека испорачуваат оружје на Русија по обвинувањето на Вашингтон дека Пјонгјанг испратил ракети до руската паравоена група Вагнер, ангажирана во Украина.
Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби минатата недела објави снимка на американските разузнавачки служби на кои наводно се гледаат руски вагони кои се враќаат од Северна Кореја натоварени со воена опрема, вклучително и проектили за групата Вагнер.
Американските власти ја означија групата Вагнер како „криминална организација“ и најавија дека снимките ќе ги проследат до ОН како дел од санкциите против Северна Кореја.
Висок функционер на севернокорејската влада денеска изјави дека тоа е „глупав обид на САД да ги оправдаат“ идните испораки на оружје за Украина. Вашингтон неодамна вети тенкови за Киев.
Севернокорејски функционер ја отфрли „таквата измислена гласина“.
„Обидот да се наруши имиџот (на Северна Кореја) со измислување на нешто што не постои е сериозна провокација која може само да предизвика реакција“, додаде функционерот.