Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел кон нејзините источни води, што е најновото во серијата тестови на оружје оваа година.
Тестирањето дојде неколку дена откако беа зголемени дополнителни тензии кога беспилотните летала наводно влегле во воздушниот простор на Јужна Кореја.
Генералштабот на Јужна Кореја во соопштение наведе дека утрово биле откриени три лансирања од внатрешноста на земјата, јужно од Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја.
Исто така, се наведува дека Јужна Кореја „го зголемила надзорот и ја одржува подготвеноста во тесна соработка со САД“.
Јапонското Министерство за одбрана исто така соопшти дека Северна Кореја истрелала сомнителни балистички ракети.
Оваа година Северна Кореја тестираше повеќе од 70 балистички и крстаречки ракети во обид, како што велат некои експерти, да го модернизира воениот арсенал и да го зголеми влијанието во идните односи со САД, пишува АП.