Сестрата на севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун, Ким Јо Јонг, денеска изјави дека дополнителните санкции нема да ја запрат ракетната програма на Северна Кореја.
„Нашето право на опстанок и развој е загрозено, зошто да се плашиме од санкции кои ги видовме и претходно, а кои не беа воведени прв пат? Зошто да престанеме?“, изјави Ким Јо Јонг за државната новинска агенција KCNA.
Таа додаде дека напорите на земјата да развие шпионски сателит се „итен приоритет директно поврзан со безбедноста“ на Северна Кореја, објави „Ројтерс“.