Скандал среде Европа! Стотици Севернокорејци работат во нехумани услови во Полска, а нивните плати ја полнат државната каса во Пјонгјанг. Од Еврокомисијата преферираат да не го забележуваат ова прашање, а на жртвите им е страв да зборуваат-пишува DW.
“Почувствував избезумени страв во очите на мажот дека неговото семејство може да настрада, бидејќи тој не се вратил во Северна Кореја”, вели холандската европратенички Кети Пири. До неа седи мажот за кого станува збор. Тој претпочита да остане анонимен. Безимениот севернокореец раскажува под какви услови работат неговите сонародници во странство. Во неговата приказна станува збор за принудна работа во самиот центар на Европа. Одамна е познато дека Северна Кореја масовно испраќа работници во странство, за да се снабдува со цврста валута.
Минатата есен ОН објави извештај во кој се велеше дека околу 50 000 Севернокорејци разботат во различни земји на светот во нехумани услови. Секоја година тие заработуваат за буџетот на својата татковина речиси два милијарди евра, како што соопшти специјалниот известувач на ОН за човекови права во Северна Кореја Марзуки Дарусман. Есента 2015 година организацијата “Европска алијанса за човековите права во Северна Кореја” / EAHRNK / исто објави извештај за темата за принудна работа. Во извештајот паѓаат во очи две земји во Европа – Малта и Полска.
Робскиот труд за ситни центи
Се претпоставува дека во Европа во моментов работат околу 1 000 Севернокорејци, од кои 800 – во Полска. Севернокорејците работат главно во градежништвото, по пристаништата и во земјоделството. Обично тие ги вршат најтешките и опасни активности. Владата во Пјонгјанг ги потпишува работните идоговори директно со странските фирми и засегнатите немаат ништо црно на бело. Тие не знаат за каков период е склучен договорот, ниту какви се работните услови. Принудени се и да ги предадат пасошите. Од платите не гледаат речиси ништо, бидејќи 90 проценти од платите одат директно во џебовите на севернокорејскиот режим. Севернокорејски чувари строго ги набљудуваат работниците.
“Се работи за шест дена во неделата, а во неделата има идеолошка подготовка, присуството е задолжително. Може да има познати разлики во одделни компании, но условите се речиси исти насекаде”, објаснува професорот по кореистика од Универзитетот во Лајден- Ремко Брокер, кој објави неодамна студија на оваа тема. Начинот на кој се експлоатираат севернокорејските работници во Полска, претставува прекршување на полското и на европското право, додава тој. По правило севернокорејските работници немаат право да го напуштат објектот и да влегуваат во контакти со локалното население. Дури комуникацијата со нивните семејства во татковината е строго ограничена. Севернокорејските власти испраќаат во странство само семејни граѓани, на тој начин ги ограничуваат евентуални обиди за бегство. Врските со медиумите исто така се строго забранети.
Британија се цепи-Изедначен резултат меѓу приврзаниците и противниците за напуштање на ЕУ
Репортерка од германскиот неделник “Ди Цајт” и оператор на порталот VICE снимија во Полска репортажа за темата. За време на истрагата двајцата се соочуваат со ѕид од молчење. Полските компании кои ги ангажираат севернокорејски работници, се обидуваат од себе да ја тргнат работата на новинарите. А погодените Севернокорејци, со мали исклучоци, не сакале да зборуваат пред камерата поради страв од прогон и репресија.
Ничиј проблем?
Европратеничката Кети Пири сепак се надева дека истрагата на двајцата новинари може да доведе до некакви промени. Бидејќи по емитувањето на филмот, ЕК била принудена да се зафати со темата. Во септември 2015 година, заедно со уште еден европратеник, Пири испраќа писмено барање до ЕК. “Сакаме да дознаеме дали знаете за проблемот. И ако да, какви активности имате намера да се преземат?”, Пишува таа. Кети Пири чека цели три месеци одговор од Брисел. На 18 јануари 2016 години пристигнува писмо од ЕК, кое се состои од цели четири реда: “Комисијата не располага со никакви документи за работници од трети земји во ЕУ”. Понатаму се вели дека сите земји-членки располагаат со сопствено трудовото законодавство. Локалните власти биле обврзани да го следат спроведувањето на сопственото трудово законодавство.
“Во принцип, тие рекоа дека тоа не е нивен проблем”, резимира Кети Пири. Освен тоа темата не била во надлежност на ЕУ, поради што и нема да биде земена во предвид. Европратеничкаѕа е револтиран од овој одговор. “Овде, во Европа, постојано зборуваме за потребата од контрола над трудот, за тоа дека работата треба да биде искрена. Имаме и директиви кои ја дефинираат. Всушност би требало сите да бијат за тревога кога стотици луѓе од една земја како Северна Кореја аплицираат за визи во Полска “, вели таа. Наместо тоа сите одвраќаат поглед од проблемот. Еврокомисијата пример, тврди дека тоа е во надлежност на одделните земји-членки кои требало да ги проверат релевантните компании. Полската трудова инспекција од своја страна вели дека ја нема потребната моќ и овластувања за да се испита ова прашање. “Како е можно од една страна да воведуваме санкции против Пјонгјанг, а од друга – да дозволиме режимот во Северна Кореја да си ги полни џебовите со пари од работењето на стотици работници во центарот на Европа? “, вели Кети Пири.
Полска извлекува бенефиции од евтиниот труд
Според податоците на полското министерство за труд, властите во земјата издале вкупно 482 дозволи за работа на севернокорејски граѓани во 2015 година. Овие податоци се поклопуваат со истрагата на Ремко Брокер од Универзитетот во Лајден.
“Привлечно за полските компании е тоа што севернокорејските работници се многу евтини и добро обучени. Освен тоа нивното ангажирање станува целосно легално – врз основа на официјални договори со Пјонгјанг, а не од некој нелегален подизведувач”, вели тој. Илегална е сепак експлоатацијата на овие луѓе, бидејќи согласно законите, тие треба да располагаат со работните договори, да ја добиваат целата своја плата и да имаат исти права како европските колеги.
Минатата недела јужнокорејската новинска агенција Јонхап информира за нов развој во врска со принудна работа на севернокорејските граѓани во Полска. Портпаролот на Министерството за надворешни работи во Сеул изјави дека полската Влада уште на почетокот на оваа година одлучи “да не издава повеќе дозволи за работа на севернокорејски граѓани”. Одлуката била донесена како одговор на четвртата нуклеарна проба на Северна Кореја во почетокот на годината и на засилените санкции против режимот во Пјонгјанг.


