Северна Кореја: Имаме добри резултати во борбата против епидемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска објави дека постигнува „добри резултати“ во борбата против првото потврдено жариште на коронавирусот, додека бројот на заболени од крајот на април, кога луѓето почнаа да се разболуваат, надмина два милиони.

Пјонгјанг објави дека се регистрирани 263.370 случаи на симптоми на „треска“ и уште два смртни случаи, така што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 2,24 милиони, а 65 починале, пренесе државната агенција КЦНА.

И покрај борбата со епидемијата, Северна Кореја продолжува со земјоделските работи, фабриките работат, а ќе се одржи и планираниот погреб на поранешниот висок генерал на таа земја.

Слични содржини