Северна Кореја истрела две балистички ракети

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Северна Кореја истрела две балистички ракети во море, додека кинескиот министер за надворешни работи беше на посета во Сеул, што е второ лансирање на Пјонгјанг за помалку од една недела, објави АФП.

Аналитичарите коментираат дека ова е несомнено сигнал за Пекинг, клучен дипломатски сојузник на Северна Кореја и главен партнер во трговијата и помошта, иако нивните односи понекогаш се сериозно затегнати.

„Нуклеарно вооружениот Север истрела два неидентификувани балистички ракети од централната внатрешност во морето покрај источниот брег“, се вели во соопштението од Сеул.

„Јужнокорејските и американските разузнавачки агенции прават детална анализа“, додаваат тие, без веднаш да дадат детали за дострелот на ракетата.

Слични содржини