Северна Кореја истрела околу 200 гранати кон Јужна Кореја: „Ова е провокација“

од Stefanija Kuzmanovska
306 прегледи

Јужна Кореја нареди евакуација на два свои острова по севернокорејскиот артилериски оган, пренесува AFP. Јужна Кореја им порача на цивилите на островот Јеонпјеонг да се евакуираат откако Северна Кореја истрела околу 200 артилериски гранати од нејзиниот западен брег кон островот, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана рано утринава.

„Северна Кореја истрела околу 200 гранати во близина на островот Јеонпјеонг“, изјави официјален претставник на министерството за одбрана на брифинг, а локалните власти во Јеонпјеонг, каде живеат околу 2.000 луѓе, изјавија за АФП дека цивилите биле замолени да се евакуираат.

Локален функционер потоа потврди дека од жителите на вториот остров исто така било побарано да се евакуираат, пренесува AFP.

Јужна Кореја го осуди гранатирањето, нарекувајќи го „провокативен чин“ и вети дека ќе одговори.

Слични содржини