268
Северна Кореја изведе симулирана тактичка вежба за нуклеарен напад како одговор на заедничката вежба меѓу САД и Јужна Кореја, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.
Како што е наведено, во саботата наутро биле лансирани две стратешки крстосувачки ракети со долг дострел „со боеви глави кои имитираат нуклеарни“, а било симулирано и уништување на командни пунктови и аеродроми на територијата на Јужна Кореја.
Ракетите полетаа во североисточен правец, прелетаа 1.500 километри и потоа експлодираа на однапред одредена висина од 150 метри над „целите“, пренесува Ројтерс.