270
Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море, соопшти јужнокорејската војска.
Деталите за лансирањето ги анализираат јужнокорејските и американските разузнавачки служби, се вели во соопштението на јужнокорејскиот Генералштаб, пренесува Ројтерс.
Тоа е најновиот во серијата ракетни тестови и воени вежби кои Пјонгјанг ги спроведува во последните недели, вклучително и неуспешно лансирање шпионски сателит кон крајот на минатиот месец.