Северна Кореја синоќа лансираше ракета за која постои сомневање дека е балистичка ракета, соопштија од кабинетот на јапонскиот премиер, додека Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека проектилот паднал во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија.
Ракетата беше лансирана еден ден откако американска нуклеарна подморница ја посети Јужна Кореја за првпат од 1980-тите.
Во вторникот американската команда во тој азиски регион објави дека американски војник неовластено преминал од Јужна во Северна Кореја, а „Ројтерс“, повикувајќи се на неименуван извор, објави дека против него требало да биде покрената дисциплинска постапка во САД.
Најновото лансирање на ракета од Северна Кореја доаѓа речиси една недела откако Северна Кореја тестираше нова интерконтинентална балистичка ракета Хвасонг-18, за која Пјонгјанг рече дека е предупредување за САД и другите противници. Северна Кореја лансираше ракета за која постои сомневање дека е балистичка ракета во текот на ноќта.
Се огласи Кабинетот на јапонскиот премиер, додека Генералштабот на армијата на Јужна Кореја соопшти дека проектилот паднал во морето меѓу Корејскиот полуостров и Јапонија.