Северна Кореја организираше ноќна воена парада и прикажа нова воена опрема, вклучително и големи балистички ракети, објавија во средата јужнокорејските и другите медиуми кои се занимаваат со таа земја.
Новинската агенција Јонхап објави дека парадата се одржала во Пјонгчанг на 8-9 септември, додека специјалното онлајн издание на NK News објави неколку извори кои велат дека парадата започнала на полноќ по локално време, пренесе Ројтерс.
9 септември е национален ден на Северна Кореја, додаваат агенциите.
Во твит, NK News објави дека граѓаните биле видени доцна во ноќта како се подготвуваат за парада во близина на плоштадот Ким Ил-сунг во Пјонгјанг.
Во извештајот се наведува дека патиштата биле затворени и дека не се гледале обични возила.
„Јонхап“ цитира неименуван воен извор кој рекол дека постојат знаци дека Северот организирал воена парада во Пјонгјанг по полноќ и дека јужнокорејската војска ги анализира тие знаци.
Последната ноќна воена парада во Северна Кореја се одржа во јануари.