Северна Кореја предложила “пазар”- мировен договор со САД или ќе продолжи со тестовите

од desk3
88 прегледи

Северна Кореја се стреми да постигне мировен договор со САД, Кина и Јужна Кореја, за да ја прекине официјално Корејската војна, и нема да запре со нуклеарните проби, додека тоа не стане факт, изјавил извор на “Ројтерс”, кој тврди дека лично ја предал пораката од Северна Кореја до Кина.

Северна Кореја во средата објави дека спровела четврта нуклеарна проба од 2006 година, ризикувајќи повеќе санкции, иако САД и безбедносни експерти се сомневаат дека уредот навистина беше Водородна бомба.

koreja

Тестот повторно ги покрена прашања меѓу светските сили за тоа што може да се направи за да се запре нуклеарната програма на Северот.

Изворот, кој има контакти во севернокорејската престолнина Пјонгјанг и правилно го прогнозирал првиот нуклеарен обид на Северот во 2006 година, изјави дека тестовите ќе продолжат додека не биде исполнето барањето на земјата за потпишување на договорот.

“Северна Кореја ќе продолжи до крајот, додека Кина и САД не побараат да потпишат мировен договор”, рекол изворот, кој одбил да биде идентификуван.

Корејската војна од 1950 година – 1953 година заврши со примирје, а не мировен договор, потпишан од САД, кои ги претставуваа силите на ОН, севернокорејската армија и кинеската армија.

Сега Северна Кореја сака овие три земји и Јужна Кореја да потпишат мировен договор.

“Овој тест е наменет главно за САД. Главната цел е да се убедат САД да влезат во преговори со четирите држави и да стават крај на војната”, рекол изворот.

Северна Кореја е во неколку наврати посочи дека сака мировен договор, кој официјално ќе стави крај на војната, тврдејќи дека тоа ќе и ја даде безбедноста, која се бара.

Гадафи го обвини Тони Блер за поддршка на “Ал Каеда” за време на Арапската пролет

САД и Кина ја поддржуваат можноста за подобри односи, вклучувајќи и укинување на санкциите и на крајот мировен договор, ако Северна Кореја се откаже од нуклеарните оружја.

Но Северна Кореја и смета што САД ќе преговараат само ако Пјонгјанг може да ја докаже својата сила. И доколку нејзиното барање за договор се игнорира земјата ќе продолжи да развива нуклеарна програма.

“Стратешка грешка”
Изворот изјави дека ја пренел пораката од Северна Кореја на лидерите на Кина веднаш по последниот тест, и ја повикал Кина да изврши притисок за потпишување на ваков договор.

“Кина не треба да ги следи САД”, рекол изворот, повикувајќи се на барањето на САД Северна Кореја да се откаже од својата нуклеарна програма, пред какви било преговори.

“Да не се споменува мировен договор е стратешка грешка.”

Кина е главен економски и дипломатски поддржувач на Северот и двете земји се сојузници за време на Корејската војна.

Иако се стари пријатели, Кина се противи на нуклеарната програма на Северна Кореја и ги поддржува санкциите на ОН против земјата.

Но Кина не е склона да преземе построги мерки, и целосно да ја затвори нивната заедничка граница, стравувајќи дека тоа ќе доведе до целосен хаос во Северна Кореја.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунин во петокот рече дека Кина го поддржува разрешувањето на “срамот” на сите страни и постигнување на траен мир преку преговори меѓу групата од шесте вмешани страни.

Во 2005 година Северна Кореја постигна договор со САД, Јужна Кореја, Кина, Јапонија и Русија да ја прекине нуклеарната програма во замена за дипломатски отстапки и енергетска помош.

Преговорите се урнаа по последниот круг во 2008 година, откако Северна Кореја одби да дозволи проверки, кои требаше да ги уверат останатите преговарачите дека земјата се придржува кон условите.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави во четвртокот дека му посочил во телефонски разговор на кинескиот министер за надворешни работи Ванг И дека пристапот на Кина кон Северна Кореја не успеа.

“Денес, во разговорот со Кинезите, изјавив многу јасно дека ова не работи и не можеме да продолжиме по старо”, изјави Кери.

“Клучот за решавање на проблемот не е исто така во Кина”, изјави во одговор портпаролот Хуа.

Изворот на “Ројтерс” изјави дека Северна Кореја е веќе во голема мера отсечена од светот по децении на санкции и нови такви нема да функционираат.

“Северна Кореја е навикната со санкциите и не се плаши од нив”, рече тој.