Северна Кореја разви своја опрема за полимеразна верижна реакција (ПЦР) за спроведување на тестирање на коронавирус, додека земјата се обидува да го потисне појавувањето на нови повеќе заразни видови на вирусот, објавија во понеделникот државните медиуми.
Изолираната земја не потврди ниту еден случај на ковид-19, но ги затвори границите, го ограничи патувањето и воведе строги превентивни мерки, сметајќи дека пандемијата е прашање на национално преживување.
Како дел од сузбивањето на ширењето на вирусот, научниците и техничарите на Државната академија на науките развија ПЦР систем кој за првпат ги исполнува светските стандарди, објави весникот на владејачката Работничка партија, Родонг Синмун.
Опремата беше претставена како едно од неодамнешните достигнувања постигнато преку напорите на лидерот Ким Јонг-Ун да го локализира производството на машини, алатки и материјали во поглед на меѓународните санкции и затворање на границите, што остро ја намали трговијата.