Северна Кореја се закани дека ќе одговори на претстојните заеднички вежби на САД и Јужна Кореја со “непознато за светот оружје”, информира СНН.
Меѓународните воени вежби, Ulchi Freedom Guardian, почнуваат во понеделник. Вежбите, во кои ќе учествуваат неколку земји, имаат за цел “подобрување на борбената готовност, заштита на регионот и одржување на стабилноста на Корејскиот полуостров”, според соопштението на здружената команда на вооружените сили на САД и Јужна Кореја. Вежбите се одржуваат секоја година.
Националниот комитет за одбрана на Северна Кореја предупреди дека комунистичката држава ќе го преземе “најсилниот воен отпор”, за да се спротивстави на интензивните меѓународни воени вежби.
“Армијата и народот на Северна Кореја не се веќе тоа што беа во минатото, кога тие се спротиставија против нуклеарен САД со автомати”, истакна портпаролот на комитетот, додавајќи дека Северна Кореја “е непобедлива сила, вооружена со непознати за светот напредни одбранбени оружја “. Државниот медиум повтори дека тоа не е истата стара, лошо вооружена Северна Кореја, која во минатото никогаш не можеше да се соочи со САД.
Оваа година Пјонгјанг дури и неколку пати се закани на САД деќа ќе ги нападне на американска почва.
“Ако САД сакаат нивната земја да биде безбедна”, истакна портпаролот на државната медиум KCNA, “тие вежби Ulchi Freedom Guardian треба да бидат прекинати веднаш”.
Претставник на американскиот Стејт департмент, изјави за американската медиуми дека се свесни за заканите.
Вежбите се транспарентни, одбранбени по својата природа и организирани со цел зголемување на подготвеноста за одговор во регионот, додаде претставникот.
Според него “овие вежби се јасно покажување на американскиот ангажман кон сојузникот”.
Во воените вежби ќе учествуваат исто вооружените сили на Австралија, Канада, Колумбија, Данска, Франција, Нов Зеланд и Велика Британија. Тие ќе продолжат 12 дена и ќе завршат на 28 август.
