Северна Кореја тестираше хиперсонична ракета со среден дострел

од Vladimir Zorba
22 прегледи

Северна Кореја соопшти дека тестирала нова хиперсонична ракета со среден дострел, дизајнирана да погодува далечни цели во Пацификот, додека лидерот Ким Јонг Ун вети дека дополнително ќе го прошири својот арсенал на нуклеарни капацитети како одговор на заканите од други земји.

Северна Кореја соопшти дека ракетата прелетала 1.500 километри и достигнала брзина 12 пати поголема од брзината на звукот пред да ја погоди целта во морето, пренесе АП.

Ракетата беше лансирана во време кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен беше во посета на Сеул, каде што разговараше за заканата што ја претставува Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.

Слични содржини