Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала нова ракета на цврсто гориво со среден дострел со хиперсонична боева глава, во обид да создаде помоќно оружје дизајнирано да погодува далечни цели во регионот и кои е потешко да бидат откриени, пишува АП.
Севернокорејските државни медиуми го пренесоа соопштението еден ден откако јужнокорејската и јапонската војска открија лансирање од локација во близина на севернокорејската престолнина Пјонгјанг.
Лансирањето уследи два месеца откако Северна Кореја соопшти дека успешно тестирала мотори за нова балистичка ракета со среден дострел на цврсто гориво во обид да го надгради својот арсенал насочен кон американските воени бази во Гуам и Јапонија.
Официјалната севернокорејска централна новинска агенција соопшти дека лансирањето во неделата било со цел да се потврди веродостојноста на моторот на ракетата на цврсто гориво и маневрирањето на хиперсоничната боева глава.
Според соопштението, тестот бил успешен, но не се соопштуваат други детали.