Северна Кореја вклучила 11.000 елитни војници во војната против Украина

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека Северна Кореја веќе вклучила околу 11.000 елитни војници во војната против Украина.

„Употребата на елитниот севернокорејски контингент не само што ја одразува продлабочената зависност од авторитарните режими, туку и реалните проблеми со мобилизацијата во Русија“, рече Умеров, нагласувајќи дека Украина, во соработка со партнерите, внимателно ги следи овие „закани“ и ќе реагира во согласност со ситуацијата, објави Укринформ.

Според него, станува збор за борци од „личната резерва“ на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, која брои околу 50.000 луѓе, и кои биле специјално избрани врз основа на физички, психолошки и други критериуми.