Северна Кореја истрела два проектила од подморница кон подводна цел

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Северна Кореја истрела два проектила од подморница кон подводна цел во неделата наутро, објави државната новинска агенција КЦНА.

Началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја изјави дека армијата е во состојба на готовност и дека разузнавачката служба работи со американски колеги на анализа на настанот, пренесува „Хина“.

КЦНА објави дека се работи за вежба за лансирање на стратешки крстосувачки ракети и дека подморницата „8.24 Јонгунг“ истрелала две стратешки крстосувачки ракети во водите на источната страна на Корејскиот теснец.

Ракетите се движеле со брзина од околу 1.500 километри на час пред да ја погодат целта во морето.

Истата новинска агенција пред три дена објави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун надгледувал серија ракетни тестови кои симулирале уништување на непријателски аеродром, повикувајќи ја војската да ги интензивира вежбите за симулирање на „вистинска војна“.

Слични содржини