Република Северна Македонија е лидер на Балканот според индексот на родова еднаквост објави Европскиот институт за родова рамноправност.
Индексот на родова еднаквост кај нас изнесува 62. Ниту една земја од Балканот не го достигнала просечниот индекс на родова еднаквост на земјите од ЕУ кој изнесува 67,4. Балканот има најлоши оценки во доменот на моќта што укажува на помалата застапеност на жените во економската, политичката и социјалната сфера.
Зад нас се наоѓа Албанија со 60,4, Србија со 55,8, Хрватска со 55,6 и Црна Гора со 55.
Индексот на родова еднаквост е композитен показател за статусот на жените и мажите во различни сфери од живеењето, достапноста на јавни услуги кои се релевантни за остварување на родова еднаквост и напорите на општината за промовирање на родово одговорни политики.
Индексот на родова еднаквост се мери врз основа на шест параметри: работа, пари, знаење, време, моќ и здравје. Тој се мери на скала од 1 до 100 (100 е целосна рамноправност).