Северна Македонија подготвува нов пакет за помош на Украина

од Илинка Илиоска
23 прегледи

Државава подготвува уште еден пакет за помош кон Украина, рече денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски. Како што појасни тој, земјава, како членка на НАТО има обврска секоја година да двои одредени средства за Украина, но сака да покаже и лојалност кон Алијансата.

„Има дополнителен пакет за помош на Украина. Мислам дека наскоро ќе биде на седница на Влада, иако чекав сите министри да добијат безбедносен сертификат, бидејќи дел од овие информации се со доверлив карактер. Набрзо ќе се пушти таа информација и ќе се обзнани што дополнителна опрема ќе се дава, но важно е овој период да направиме и проценка на сето она што досега сме го дале, што до сега не е направено“, рече Мисајловски.

Слични содржини