Загрозениот вид на Северно бел носорог се намали на три примероци. По смртта на Нола (41 година) која беше згрижена во зоолошката на Сан Диего, научниците интензивно работат на репродукција на овој вид. Годинава во јули почина 35 годишниот носорог Небре, сместен во зоолошкта во Чешка.

Белиот носорог потекнува од Ценрална Африка со животниот век е од 30 до 40 години. На планетата има уште три живи бели носорози сместени во конзерваториум во Кенија. Нивното размножување по природен пат е невозможно поради старосната бариера. Научниците со сурогат ин витро ќе се обидат да го зачуваат овој вид.