Севернокорејски хакери украле криптовалути во вредност од 650 милиони долари минатата година

од Milan1
9 прегледи

Севернокорејски хакери украле криптовалути во вредност од околу 659 милиони долари во 2024 година, се вели во заедничката изјава на Јужна Кореја, САД и Јапонија.

„Минатата година севернокорејските хакери украдоа 235 милиони долари од индиската берза за биткоини „WazirX“ и 50 милиони долари од платформата „Radiant Capital“. Покрај тоа, сајбер-криминалците украдоа приближно 374,13 милиони долари од крипто централите „DMM Bitcoin, Upbit“ и „Rain Management“, се вели во соопштението, пренесе Јонхап.

Ова е прва јавна изјава во која трите земји заеднички ги идентификуваа одговорните за кражбата на криптовалутите и целите на нападите, се додава во соопштението. Се забележува дека Пјонгјанг користел „добро скриени“ напади кои на крајот користат малициозен софтвер, демонстрирајќи „шема на злонамерно однесување во сајбер просторот со спроведување на повеќе кампањи за сајбер криминал“ за кражба на крипто средства.

„Нашите три влади, вклучително и приватниот сектор, работат заедно за да спречат кражби и да ги вратат украдените средства, со крајна цел да ја лишат Северна Кореја од незаконски профит за нејзините нелегални програми за оружје за масовно уништување и балистички ракети“, се вели во соопштението, јави Танјуг.

Земјите, исто така, нагласија дека кибер-програмата на Северна Кореја претставува значајна закана за интегритетот и стабилноста на меѓународниот финансиски систем.

Слични содржини