Севернокорејските улици празни од страв од „жолта прашина“

од Берта Китинска
405 прегледи

Северна Кореја ги предупреди своите граѓани да останат во затворен простор од страв дека жолтата прашина што дува од Кина може да донесе коронавирус.

Улиците на главниот град Пјонгјанг вчера беа практично празни по предупредување, објави Би-Би-Си.

Северна Кореја тврди дека нема коронавирус, но е во состојба на готовс од јануари, со строго затворени граници и ограничено движење.

Туркменистан, исто така поради прашината што носи вируси, им порача на граѓаните да носат маски.

Корејската државна централна телевизија (КЦТВ) во средата емитуваше посебни временски сегменти ипрогноза, предупредувајќи на доаѓањето на жолта прашина од кина.

Таа исто така најави забрана за градежни работи на отворено во земјата.

Жолтата прашина се однесува на песок што стигнува до Северна и Јужна Кореја од монголските и кинеските пустини во одредени периоди од годината.Се меша со токсична прашина што предизвикува здравствени проблеми во двете земји со години.

Слични содржини