Северот на Италија го зафати невреме, железничкиот сообраќај е запрен, училиштата затворени

од Milan1
77 прегледи

Северот на Италија го зафати невреме кое предизвика лизгање на земјиштето и поплави, поради што железничкиот сообраќај беше запрен, а училиштата на некои места беа затворени. Невремето го погоди северозападниот регион Лигурија. Два лета за Џенова беа пренасочени кон Пиза и Торино, а летовите од Рим и Пиза беа пренасочени кон Катанија или откажани.

Портокаловиот аларм бил запален во Емилија Ромања и пристанишниот град Ла Специја, каде училиштата се затворени, пренесува „Стампа“.

Невремето денеска ќе ги зафати Ломбардија и Тоскана, соопштија надлежните служби. Вниманието е фокусирано на провинциите Парма и Пјаченца и на планинските и ридските области на провинцијата Реџо Емилија. Во Милано е активиран жолт метео аларм поради опасност од излевање на двете реки Севесо и Ламбро, јавува „Танјуг“.

Надлежните апелираа до граѓаните да не застануваат во близина на дрвја, скелиња и градилишта за време на невремето.

Слични содржини