Шахпаска: Да се заштитат жртвите, и да се придонесе за нивна реинтеграција во системот

333 прегледи

Предлог законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство кој е во собраниска процедура е темелот, основата во борбата против сите форми на насилство врз жената и семејството, напиша министерката за труд и социјална политика Јахода Шахпаска на својот Фејсбук-профил.

Поддршката што ја обезбедуваме во делот на информирањето, советувањето и привремениот престој за жените жртви на родово базирано насилство и семејно насилство и нивните деца, жените жртви на сексуално насилство и силување, жртвите на трговија со луѓе, жртви на насилство поради сексуална ориентација и родов идентитет, посочува таа, се во согласност со стандардите предвидени во Истанбулската конвенција
Како што вели министерката законот предвидува надлежните институции во постапките за родово базирано насилство врз жените и семејното насилство да постапуваат итно и со должно внимание на интересите и потребите на жртвата, да ги заштитат жртвите и да придонесат за нивна реинтеграција во системот.

Согласно законското решение кое е пред пратениците, судот има обврска, веднаш а најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од МВР и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување итна мерка за заштита „отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот.

Слични содржини