Шахпаска: Доколку работодавачите не го почитуваат законот за недела неработен ден, ќе бидат затворени 15 дена

од Andreja Salpe
392 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, во вечерашното гостување на дебатна емисија на Алсат телевизија истакна дека заедно со синдикатот направиле платформа “Мој труд мои права”, каде работниците ќе можат непосредно да се информираат за се што произлегува од законот за работни односи и дополнително да можат да пријават доколку има некое непочитување.

,,Со законот за недела да биде неработен ден, доколку не го почитуваат работодавачите, тогаш ќе има затворање на објектот на 15 дена, ако втор пат го повтори тој прекршок, следува казна од затворање на објектот на 30 дена. Работодавачите викаат дека е драстично, но ние сакаме да ги заштитиме работниците, сакаме да укажеме дека овие права мора да се почитуваат”, истакна Шахпаска

Таа исто така истакна дека како министерство, заедно со синдикатот, направиле портал ,,Мој труд, мои права”, каде работниците непосредно ќе се информираат за се што произлегува од законот за работни односи, за да може да се обратат за да видат дали има или нема почитување.

Слични содржини