Шахпаска: И во време на светска пандемија имаме покачување на минималната плата, за три години имаме раст од 6.000 денари

337 прегледи

„Минималната плата се усогласува до крајот на март, согласно трите параметри од претходната година, односно една третина од порастот на просечната плата од минатата година, една третина од порастот на трошоците за живот и една третина од една третина од растот на бруто домашниот производ. Оваа година минималната плата ќе биде 15.194 денари,“рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на Топ Тема на ТВ Телма.

„Секое зголемување е добредојдено. Дали е доволно? Секако дека не. Преземаме се за да порасне минималната плата, се разбира сето тоа во согласност со законите. За три години имаме пораст на минималната плата за 6000 денари,“потенцираше Шахпаска.

 

Слични содржини