И натаму остануваат отворени детските градинки и центрите за лица со посебни потребни, со оглед на тоа дека таму е ставилна состојбата со Ковид 19, иако и натаму останува ограничен бројот на згрижени деца во градинките согласно здраваствените протоколи.
„Во градинките согласно последниот неделен извештај има три нови позитивни дечиња, и 18 вработени. Бројот на деца присутни во градинките во моментов е најголема и сега има 13 350 деца присутни во градинките од 21 300 колку што според протокол смее да бидат во градинките“, посочи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.
Како што посочува таа, со наближувањето на пролетта и топлото време, се поголем е интересот кај родителите да ги испратат своите деца во градинка, но вели и дека се уште нема промена на дозволената бројка на згрижени деца. Посочува и дека Комисијата за заразни болести, останува на стабот дека зголемување на бројот засега не може да има.
„Бројот на деца кои се згрижуваат во гардинките останува на исто ниво. Во јасли може да бидат згрижени најмногу 12 деца, а во групите од две до шест години најмногу петнаесет“, потенцираше Шахпаска додавајќи дека комисијата не се согласила бројот на деца во поголемите групи да биде зголемен на 17 или 18 деца.
Таа нагласи дека е стабилна состојбата и во Дневните центри за лицата со посебни потреби. Во изолација, рече им 5-6 вработени и осум корисници.