Министерката Шахпаска на гостувањето во Топ Тема на ТВ Телма на прашањето за недела неработен ден посочи дека подготовката на ова законско решение е предмет на долга дебата со сите чинители засегнати од овој закон. Во Законот за работни односи, додаде таа таксативно се наведени кои ќе бидат исклучоците од ова решение, тоа се 40 исклучоци и околу 30 проценти од сите регистрирани дејности.
„Ниту во моловите нема да работаат сите работници, тоа го регулира Министерството за економија со Законот за трговија. Во Моловите ќе работаат само една смена од 10 до 18 часот, а 2% од целиот промет кој ќе го направат во недела во текот на целата година ќе бидат наменет за изградба на нови градинки. А вработените што ќе работат во недела ќе добиваат 100 процентен надомест дополнителен на основната дневница,“ рече Шахпаска.
Контролата на почитувањето на ова законско решение, додаде таа, ќе го врши Државниот инспекторат за труд, УЈП и пазарниот инспекторат. А секој кој ќе работи во недела треба да го пријави работењето во надлежните институции.