Шахпаска: Опозицијата ги блокира сите процеси во Собранието, па така и Законот за пензионирање

Во рамки на своето гостување на 24 анализа, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, посочи дека законот за пензионирање, наидува на блокада во Собранието, иако истиот Предлог-закон во законодавниот дом е од ноември, и потенцираше дека има механизми и начини, но потребно е време, со цел да се одблокираат ваквите потези на опозицијата.

„Во собраниска процедура се наоѓаат 4 закони. Сите овие закони предвидуваат пензионирање на 64 години и 15 години работен стаж. Во рамки на овие закони, во Собранието се поднесени 480 амандмани, од кои 98% се врзани за роковите на старт на реформите. Ние како министерство за труд и социјална политика, не сме предлагачи на законот. Чинам дека, опозицијата сака да сметаме дека таа е влијателен чинител, со блокада на сите процеси во Собранието.

Нам ни е неопходна реформа во администрацијата. И со овој закон, ќе се ослободат места, да стапат на сила млади луѓе со свежа крв, кои со модернизација на времето ќе внесат свои новитети во администрацијата.

Законот за откуп на стаж е во владината програма, но не е донесен рок со кој се ограничува кога ќе биде донесен.Но, истиот останува на агендата, бидејќи сега имаме приоритети. Нам ни е најважно да имаме стабилен пензиски систем“, исттакна Шахпаска.

Слични содржини