539
Во рамки на своето интервју дадено за „Макфакс“, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска посочи дека навиките за пазарување треба да се променат, без оглед на тоа дали се пазарува во сабота или друг ден, а недела-неработен ден нема да ги загрози работние места.
Шопинг центрите и маркетите според неа нема да имаат загуба ако бидат затворени в недела а тоа за работниците ќе значи повеќе време што треба да го минуваат со семејството, истака Шахпаска.
Во продолжение, во целост интервјуто на Шахпаска, каде се зборува и за кадровската подготвеност да се спроведе Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, но и повратот на ДДВ.