Шахпаска: Социјалните услуги ги приближуваме до граѓаните, потпишани Договори за грант со општините Делчево и Кочани

282 прегледи

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска заедно со градоначалниците на Општините Делчево и Кочани денеска потпишаа Договори за грант за развој на социјалните услуги на локално ниво.

„Целта е согласно социјалната реформа, услугите да ги доближиме до граѓаните, во местото на живеење, нивните домови, нивната средина, руралните средини , онаму каде што е потребна. Со денешните договори, Општина Кочани во партнерски однос со општинската организација на Црвениот крст, ќе ја дава услугата помош и нега на стари и немоќни лица во нивните домови, додека пак Општина Делчево заедно со невладината организација „Бравура Кооператива“ овозможува давање на услуги за рехабилитација и реинтеграција на лица со посебни потреби,“ истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека Министерството за труд и социјална политика високо на својата агенда ја има грижата за сите граѓани во државата, но пред се за ранливите категории на граѓани.

Од страна на градоначалниците на општините Делчево и Кочани беше изразена подготвеност за реализација на Договорите за грант, а со тоа приближување на социјалните услуги до оние на кои таа им е неопходна, лицата со попреченост и старите и немоќни лица.

Министерството за труд и социјална политика досега склучи 19 Договори за грант за развој на социјалните услуги  со кои беа опфатени 26 општини, останува потпишување на  уште пет договори со кои се заокужува овој проект, со кои беа предвидени 24 договори со општините кои аплицирале за оваа намена.

Слични содржини