Шахпаска: Во градинките во Кисела Вода нема ниту еден заболен воспитувач или дете

од Andreja Salpe
312 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во посета на градинката ЈОДГ„8ми Март” во населбата Драчево, Општина Кисела Вода истакна дека воспитувачите и негователките во градинките се вакцинирани според списоците доставени во Министерството за здравство.

-Показателот дека денеска во Општина Кисела Вода нема ниту еден воспитувач позитивен на ковид-19, ниту позитивно дете говори дека со почитувањето на здравствените протоколи и препораките од заразни болести состојбата може да се држи под контрола, изјави Шахпаска.

Според неа состојбата во градинките е стабилна и намален е бројот на новозаболени во градинките и на децата.

-Ова го темелам врз основа на податоците. Пред фактите и бројките и боговите молчат. Минатата седмица имавме 34 новозаболени вработени, а бројката во претходните се движеше 58, 56 тогаш можам да кажам дека скоро е преполовен бројот на заболени и само 8 нови позитивни деца.Фактот дека од 21.350 слободни места за сместување на деца по протокол, а 13.400 деца се сместени, говори дека дополнителни 7.500 слободни места во градинките постојат за сместување. Состојбата е стабилна, ширењето на инфекцијата меѓу децата во градинката досега не постоела и бројките одговараат на вкупната епидемиолошка состојба во државата, изјави Шахпаска.

Слични содржини