Шахпаска: За насилството врз жените мора да се зборува гласно, преку кампањи и трибини

од Nikola Popovski
140 прегледи

„Ние работиме сериозно со поддршка на невладиниот сектор за надминување на стереотипите дека не е срамно, некој што бил жртва на насилство. Воспоставена е СОС линија, која што ја менаџира МТСП, каде жртвите пријавуваат насилство и им се дава насоки како да постапат“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска за емисијата „Утрински брифинг“, на тема насилство, превенција од истото, охрабрување на жртвите за негово пријавување.

Според неа, дополнително во декември, во соработка со UNDP изработена е апликација „Be Safe“, каде што жртвите можат да пристапат телефонски и да го пријават својот проблем.

Министерката посочи дека МТСП како надлежно министерство, организира Центри за жртви, кои се осум на број во држата и каде жртвите можат да бидат згрижени од 3 -12 месеци, прифатилишта за жртви од 24-72 часа, советувалишта каде добиваат психо социјална поддршка од стручни кадри, дообука, едукација, вклучување на пазар на трудот и излезат од средината , да не бидат економски зависно и како честа причина за враќање кај насилникот.

„Сепак, ние сме традиционално општество, каде што насилството не се препознава како такво. Особено е важно јасно и гласно да се зборува, преку кампањи кои и на локално ниво, ќе го адресираат насилството како негативна појава и да се даде поддршка на некој кој го имал ова искуство“, истакна министерката.

 

Слични содржини