Во своето гостување на 24 анализа, министерката за труд и социјална политика, по вклучување на претставникот на Сојузот на синдикатите на Македонија, се осврна за законското решение кое беше најавено, односно недела – неработен ден.
„Сакам да ги демантирам Сојузот на синдикатите, дека не се вклучени во работата, бидејќи имам дописи во кои тие го откажуваат своето присуство во дебатите. Работиме на законските решенија за недела – неработен ден. Направивме две драфт верзии на законот, и дојдовме до заклучоци споредбено со земјите каде веќе недела е неработен ден. Мораат да се молзат кравите во недела, за да има млеко од понеделник. Јасно е дека треба да има надомест за работа во недела, но постојано се јавуваат дејности кои се засегнати од оваа дебата. Треба да го дефнириаме сето ова, со оглед на тоа дека треба да има ослободени од работа во недела, но има и неопходни дејности кои мораат да работат и во недела. Но, морам да напоменам дека не сакаме ова законско решение да има своја имплементација во услови на Ковид пандемија“, појасни министерката Шахпаска.