Шај Лабаф доби дете со Миа Гот

од Vladimir Zorba
533 прегледи

Американскиот актер Шај Лабаф (35) и англиската актерка Миа Гот (28) го добија своето прво дете, јавуваат американските медиуми.

Папараците ја забележале двојката додека се шетале во Пасадена, додека Шај и Миа се шетале туркајќи количка со бебето, цело време разговарале и изгледале многу опуштено и хармонично – за разлика од периодот кога биле во брак.

Двојката се запозна во 2012 година, на снимањето на контроверзниот филм на Ларс фон Трир „Нимфоманка“. Иако Миа имаше значително помалку сцени од актерот, тие поминаа толку многу време заедно лудо заљубувајќи се и станаа неразделни многу брзо, а две години подоцна се појави во краткиот филм Haunted Love во режија на Лабаф. Четири години по првата средба, парот се венчал, а во 2018 година поднеле барање за развод.

Со години делуваа мирно и како да запловиле во мирно пристаниште, но една година пред свадбата ја шокираа јавноста откако се појави видео на кое Шај и Миа се расправаат во германскиот град Тибинген.

– Не сакам да допрам жена, не сакам да удрам жена, но таа ме присилува – му рекол еднаш актерот на маж кој му понудил да го однесе на аеродром.

Потоа и пришол на Гот и и рекол:

– Не сакам да те допрам, не сакам да бидам агресивен. Поради овие с***а луѓето стануваат насилни!

Актерот потоа се свртел кон непознатиот маж и му рекол:

– Да останев таму, ќе ја убиев!

Сепак, пред неколку месеци тие повторно беа видени заедно во Лос Анџелес, а актерката во тоа време веќе имаше забележителен труднички стомак. Се шпекулираше дека парот се смирил и дека очекуваат заедничко дете, но ниту еден од нив не се огласил по тој повод.

Шај Лабаф, инаку, минатата година беше во центарот на вниманието на американските таблоиди, кога неговата поранешна девојка и позната пејачка ФКА Твигс поднесе тужба против него за насилство. Тврдела дека ја малтретирал физички и емоционално, како и дека свесно и пренел сексуално преносливата болест.

„Она што го поминав со Шај е полошо од се што сум доживеала во целиот мој живот“, изјави Твигс за Њујорк Тајмс, обвинувајќи го дека кружел околу Лос Анџелес за да пука во улични кучиња. Покрај тоа, пејачката Сија ја поддржала својата колешка и го нарече Шај „многу болен“.

Актерот во тоа време беше со Маргарет Квали, актерката и ќерка на легендарната Енди Мекдауел, која му раскина по скандалот.